Домашни настани

Бузалковски: Секогаш гледам да бидам чекор понапред, од трка во трка

Христијан Бузалковски, нашиот најмлад натпреварувач во брзински мотоциклизам, ја опишува оваа сезона како една која треба да биде заборавена, но вели дека тој и неговиот тим гледаат да бидат чекор подобри од минатата година.

Следете нè на:

 

Христијан Бузалковски, нашиот најмлад натпреварувач во брзински мотоциклизам, ја опишува оваа сезона како една која треба да биде заборавена, но вели дека тој и неговиот тим гледаат да бидат чекор подобри од минатата година.

buzalkovski seres 16 2Бузалковски на патеката во Серез. Фото: Xrysanthos Oikonomidis

„Иако оваа сезона имаме многу проблеми, дали тоа било пад, или технички проблем, ние гледаме да бидеме што е можно подобри од лани, во однос на времето на патеките кое го имам остварено можам да кажам дека во тоа сме подобрени. Тенка е линијата помеѓу брз мотор и технички проблем, поготово кога станува збор за двотактна машина, која не се знае кога може да откаже.“ - вели Бузалковски

buzalkovski seres 16 3Бузалковски на патеката во Серез. Фото: Xrysanthos Oikonomidis

„Но секако таков е спотот и мора да се помириме со тој факт, нема лутење, нема нервирање, нема окривување никого, едноставно така требало да биде и тоа е тоа, продолжуваме со санирање на проблемот доколку е можно и повторно излегување на патеката и правење што е можно подобро време, се разбира доколку моторциклот го дозволи истото.“

buzalkovski seres 16 4Бузалковски на патеката во Серез. Фото: Xrysanthos Oikonomidis

„Точно е, оваа е една од сезоните кои не би сакал да се повторат, но можам да кажам дека досега на сите патеки си го имам подобрено мојот личен рекорд од минатата сезона, иако на сите патеки до сега немам завршено (Освен на последната трка во Серес). Во овие тешки моменти мене и на мојот тим единствена мотивација ни е да го подобруваме уште повеќе времето и секако напорно работиме на тоа. Се надевам дека малерите полека полека си одат, и дека конечно ќе извозам како што јас и мојот тим посакуваме. Благодарам #Gaas71 #NeverGiveUp“ - дополнува Бузалковски за мотори.ком.мк

За сите новости следете го Христијан Бузалковски на неговиот официјален фан пејџ: https://www.facebook.com/HristijanBuzalkovski71/?fref=ts

Би можело да ве интересира

Викендов на патеката Мотеги во Јапонија ќе се одржи 16-та трка од МотоГП шампионатот.

На наш колега моторџија му е потребна помош, да се покажеме во вистинско светло во недела!

Викендов на патеката Орман во Скопје се вози третата и последна трка од шампионатот на Македонија во мотокрос.

Фантастична борба за победата ја одбележа првата трка за ГН на Тајланд која му припадна на Марк Маркез.

Слободно можеме да кажеме дека новите модели кои ги прикажа Ducati за време на Intermot беа помалку резервирани.

За време на изложбите во Париз и Intermot, Honda го претстави новиот Super Cub C125 кој се очекува да се најде на пазарот оваа есен.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.