Нашиот најдобар натпреварувач на Балканскиот шампионат во брзински мотоциклизам во класата до 125цц од оваа сезона ќе настапува со лиценца од мото клубот „Enduro Team Vodno“.

Нашиот најдобар натпреварувач на Балканскиот шампионат во брзински мотоциклизам во класата до 125цц од оваа сезона ќе настапува со лиценца од мото клубот „Enduro Team Vodno“.

IMGP8150

Во просториите на клубот беше потпишан договорот со кој Бузалковски ја официјализираше соработката со „Ендуро Тим Водно“.

„Enduro Team Vodno“ е релативно нов клуб, но веќе е добро познат на мото јавноста во земјава по организацијата на првиот „OFF ROAD SHOW Skopje 2016“, а според најавите и оваа година ќе имаме прилика да уживаме во вакви настани.

Бузалковски им се заблагодари на членовите на клубот за довербата ветувајќи дека ќе даде се од себе за да се искачи на првата позиција во шампионатот. 

Бузалковски ќе го има својот настап на Балканскиот шампионат во брзински мотоциклизам според следниот распоред:

Балкански шампионат во брзински мотоциклизам 2017
Трка Датум Патека Земја
1 и 2 7-9 април Серез Грција
3 и 4 22-23 април Мотор Парк Романија
5 29-30 април Плевен Бугарија
6 и 7 20-22 мај Мотор Парк Романија
8 и 9 7-9 јули Серез Грција
10 26-27 август Плевен Бугарија
11 23-24 септември Батајница Србија
12 01-02 октомври Плевен Бугарија
13 и 14 27-29 октомври Серез Грција
Back To Top