По петочната најава за трката во Смолево која денеска се возеше, во нашата редакција пристигна демант од Христијан Илиоски кој го пренесуваме во целост.

kiko pehari

По петочната најава за трката во Смолево која денеска се возеше, во нашата редакција пристигна демант од Христијан Илиоски кој го пренесуваме во целост.

Најавата како и до сега за локалните трки интегрално ја пренесуваме од МФМ, но во секој случај сакаме да му се извиниме на Кико за непријатностите кои ги предизвикавме.

Во продолжение во целост го пренесуваме и демантот:

Во однос на Вашата најава за моето учество на натпреварот во мото- крос на патеката  ,,Смолево'' во организација на мото-клубот ,,Мото-старс'' од Битолаи нивната најава за мое учество како нивен член би сакал да Ве информирам дека јас никогаш не сум бил и не сум нивен член. На оваа трка не учествувам бидејќи не ја добив ветената финансиска и техничка поддршка за квалитетни припреми од одредени личности кои многу ветуваа, а не ги исполнија своите ветувања.

Како источно-европски шамион во мото - крос и единствен македонец со освоени бодови на европската и светската мото - крос листа, кој во најголем дел самостојно и со свои финансиски средства успеал да стигне до ова ниво, би сакал надлежните институции да покажат поголем интерес за моите успеси и да ми овозможат финансиски средства достојно  да ја претставам Македонија на трките во иднина.Се надевам дека ќе успеам да најдам поддршка од квалитетни луѓе кои цврсто ќе застанат зад мене и ќе ми овозможат да ја претставувам  државата, која неизмерно ја сакам и под чие знаме секогаш со гордост настапувам, на светското првенство во мото - крос во 2014 година.

Христијан Илиоски
Back To Top