Мото клубот Александар, поддржан од Градот Скопје, општината Чучер Сандево и Мотоциклистичката федерација на Македонија викендов го организираше „1’ OFF ROAD SHOW SKOPJE 2016“ на воениот полигон Стенковец крај Скопје.
Мото клубот Александар, поддржан од Градот Скопје, општината Чучер Сандево и Мотоциклистичката федерација на Македонија викендов го организираше „1’ OFF ROAD SHOW SKOPJE 2016“ на воениот полигон Стенковец крај Скопје.
Стотина вљубеници на возење во природа кои се појавија на стартот беа поделени во 4 категории: MOTO; ATV; UTV и 4х4 возила. Покрај времето за дружење, учесниците имаа можност да ги прикажат своите вештини и на специјалните испити со природни и вештачки пречки (дрва, камења, гуми и сл), како и поврзувачки етапи по околните ридови кои беа подготвени со голема помош од Ендуро тимот Водно од Скопје и ОФФ РОУД КЛУБ 4х4.МК. Манифестација која ги обединува практично сите оффроуд групи (мото, ATV/QUAD, UTV и 4х4) за прв пат се организираше во Македонија на исто место и овој пат се состои од: ендуро, трофи и рели реид дисциплините, а бројот на учесници и присутните неколку илјади гледачи само ја потврдија потребата од вакви манифестации.
Вљубениците на „октанските“ спортови по сончево време уживаа во умешноста на најдобрите македонски учесници на 2 и 4 тркала, а за нивна дополнителна забава се погрижија познати диџеи. Помеѓу почесните гости беше и двојниот европски шампион во автомобилизам Игор Стефановски – Иџе кој се вклучи во ендуро натпреварот, а меѓу учесниците беа и десетина шампиони на Македонија во мотоциклизам и автомобилизам.
Во ендуро натпреварот најдобри по класи беа Христиан Станковиќ од МК Мотостарс (Е1), Христиан Илиоски од МК Пелистер (Е2), Славчо Арсовски од Хамачи Екстрим Штип (Е3) и Борче Костов од МК Ноќни волци (ветерани). Во ATV најуспешен беше Тони Димитровски од Хамачи Екстрим Штип, а неговиот клупски колега Ѓоко Штерјов победи во категоријата на UTV. Кај теренските возила во рели најбрз беше Дарко Христов од Скопје, а во трофи Миле Николоски од Оф Роуд Прилеп.
За целата галерија кликнете овде.
Организацијата на настанот ја помогнаа и Пауер Спорт Систем, Евроинс осигурување, Енерго Систем, Мотул Македонија, Еликсир, Челик, Ред Бул Македонија, Ресторан Естел, Глобул евент Македонија и Сонакс.
Извор: „Off Road Show Skopje Team“