Благодарение на „LTD sports“ од Битола, љубителите на мото кросот во Македонија ќе имаат прилика да уживаат во уште една трка пред крајот на сезоната.

1384383 640292659349211 1831445467 n

Благодарение на „LTD sports“ од Битола, љубителите на мото кросот во Македонија ќе имаат прилика да уживаат во уште една трка пред крајот на сезоната.

Во недела (20-ти октомври) со почеток од 10 часот на патеката Братиндол крај Битола ќе се одржи мотокрос трка на која ќе имаме прилика да следиме возачи од нашата земја но и гости од Бугарија, Србија, Грција, Црна Гора и Албанија.

По подолго време ќе имаме прилика да ги проследиме најдобрите возачи од Македонија но и од соседните земји кои ќе се натпреваруваат во класите МХ85, МХ1, МХ2 и МХ3. Според најавите се очекуваат помеѓу 35-40 натпреварувачи кои гарантираат одлична забава за посетителите.

Организаторот на трката „LTD sports“ од Битола вложи голем напор и финансиски средства за оваа трка да наликува на она што сме навикнати да го гледаме на телевизија. За учесниците се обезбедени сите услови за учество на една трка, а за победниците ќе има и парични награди.

Посетителите ќе можат да уживаат во спектаклот на Братиндол за само 50 денари, цена во која е обезбеден и превоз од Битола до патеката со автобус.

Трката ќе се бодува и за шампионатот на Македонија во мотокрос, па ова нека биде уште еден мотив за сите моторџии од целата земја да го искористат еден од последните сончеви викенди пред почетокот на зимата и да уживаат во мотокрос мајсториите.

Back To Top