Мото клубот Вардар од Скопје, на 4-ти мај 2014 ќе ја организира првата ЕндуроКрос трка во Македонија.

enduro-cross-mk

Мото клубот Вардар од Скопје, на 4-ти мај 2014 ќе ја организира првата ЕндуроКрос трка во Македонија.

Се работи за трка која се вози на мотокрос патека но и делови надвор од неа, а на патеката се забележливи и препреки карактеристични за ендуро трките. Ваквите трки се возат во Америка, а благодарение на мото клубот Вардар за прв пат ќе имаме прилика да проследиме ваква трка и кај нас.

Мото клубот Вардар во соработка со Мото Велес на 4-ти мај ќе ја организираат првата трка од ваков вид на патеката Орман во Скопје.

Патеката е во должина од 500метри, и ширина од 4 метри, се вози дел од 300 метри на постоечката мотокрос патека кој вклучува 4 скокови, а на патеката се поставени и препреки во вид на гуми и камења во природна средина. Капацитетот на патеката во моментот е 8 возачи на еден старт.

mapa-orman

Натпреварувачите можат да се пријават во следните класи:

- E1
- E2
- E3

Возачите ќе возат за „Награда Скопје“, парични награди за првите тројца од кои првиот добива 3000 денари, вториот 2000 и третопласираниот 1000 денари.

Според програмата, техничкиот преглед е закажан за во 10 часот, од 11 ќе следиме тренинг, а свеченото отворање е во 12 часот. Возбудувањата ќе започнат во 12.15 за кога е закажана и првата квалификациона група, а потоа следува и трката.

Можете да се пријавите на тел. 070 637 234 или во маркет „Денеса“ (до слаткарница Апче) и на тел. 070 498 809

Back To Top