По подолга пауза на македонската мото сцена повторно ќе се вратат трките со скутери и супермото.

Scooters racing by OrionWeb

По подолга пауза на македонската мото сцена повторно ќе се вратат трките со скутери и супермото.

Благодарение на мото клубот „Сакамото“ од Скопје, на македонската мото сцена се враќаат трките со скутери и супермото. Надлежните од неодамна ја превземаа патеката во Волково на која интензивно се работи и за на крајот на мај се закажани и првите трки од она што треба да биде шампионат на Македонија со скутери и супермото.

Трките се закажани за 25-ти мај, а саатницата дополнително ќе биде утврдена. Познато е дека кај скутерите ќе има две класи, 50цц и 100цц, додека пак кај супермото ќе се вози во класа до 250цц и отворена класа.

Пријавувањето за трките може да се направи во мото клубот Сакамото или на телефон 078/818-130.

Патеката веќе е отворена за сите заинтересирани, секој ден освен понеделник од 11 до 19 часот секој може да отиде на тренинг, без разлика дали е со скутер, мотор, супермото, па дури и со картинг. 

Back To Top