Во организација на Мото клубот „Александар“ и Мото Клубот „Мотори” од Скопје, а под покровителство на Мотоциклистичката федерација на Македонија, на 6 и 7 октомври 2018 година ќе се одржи ендуро натпревар третиот “Off Road Show – Скопје 2018”.

После успешните организации во 2016 и 2017 година, натпреварот за прв пат е вклучен во рамките на БМУ Европскиот шампионат во екстремно ендуро, како и во Шампионатот на Македонија во ендуро. И во двата шампионата се бодуваат секој ден одделно, а уште поголема тежина на настанот му дава одлуката за шампионските титули во сите класи.

off road show skopje 2017 6

Како главен фаворит во класата експерт од БМУ Европскиот шампионат се истакнува одличниот бугарски натпреварувач Теодор Кабакчиев. Кабакчиев има остварено одлични резултати на престижните светски натпревари како „Ред бул Романиакс“, „Ерзберг родео“, како и во светскиот Суперендуро шампионат.

off road show skopje 2017 13

Најголемиот октански настан во Македонија ќе се одржи на падините на Скопска Црна Гора, а стартот и целта се на воениот полигон Стенковец. Патеката се состои од брзински испити од природни и вештачки пречки, како и поврзувачки етапи по природни терени на околните ридови. Вљубениците на „октанските“ спортови, во сабота 6 октомври и недела 7 октомври од 10 часот ќе може да уживаат во умешноста на најдобрите македонски и странски учесници во ендуро. Најавено е учество на стотина натпреварувачи.

Извор: Дерби

Back To Top