Викендов на патеката Серез во Грција ќе започне македонскиот шампионат во брзински мотоциклизам.

 По долги години чекање, конечно нашите возачи ќе имаат можност да се натпреваруваат во домашен шампионат во брзински мотоциклизам.

Имајќи во предвид дека немаме вистинска патека на која можат да се организираат трки од ваков карактер, раководството на МФМ одлучи да го организира нашиот шампионат во рамките на БМУ Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам.

Првите две трки се возат викендов на патеката Серез во Грција, а третата трка ќе се вози во Октомври на патеката Плевен во Бугарија.

Класи во кој ќе се натпреваруваат мотоциклистите за Шампионатот на Македонија се следните:

-125 ( мотоцикли до 125 кубни сантиметри, натпреварувачка спецификација )

-600 Формула (мотоцикли до 600 кубни сантиметри, сериски мотоцикли)

-600 Супер Спорт (мотоцикли до 600 кубни сантиметри, натпреварувачка спецификација)

-1000 Формула (мотоцикли до 1000 кубни сантиметри, сериски мотоцикли)

-1000 Супер бајк (мотоцикли до 1000 кубни сантиметри, натпреварувачка хомологација).

Трката ќе биде организирана во соработка со Балканската Мото Унија, која е организатор на БМУ Европскиот шампионат во мотоциклизам на кружни патеки на истата патека, што ветува дека не очекува вистинско уживање на публиката и натпреварувачите.

Патеката во Серез, Грција со својата близина и конфигурација за моментов е единствената која ги задоволува стандардите за организација на натпревар во брзински мотоциклизам, но во иднина амбицијата на новото раководство на федерацијата е да се погрижи сите Мотоциклистички Шампионати да добијат сопствени патеки каде би се организирале идните национални и меѓународни натпревари.

Според програмата утре се возат слободните тренинзи, а во сабота се квалификациите и првата трка. Во недела на програмата се вторите трки. Распоредот за целиот викенд е во прилот, не заборавајте дека временската зона во Грција е +1 час од нашата.

sabota

nedela

Back To Top