Домашни настани

Заврши сезоната во мотокрос

Во организација на МК Ноќни Волци, а со поддршка од Мотоциклистичката федерација на Македонија на патеката Милци крај Гевгелија, викендов се одржа последната трка од отворениот Шампионат на Македонија во мотокрос.

Следете нè на:

 

Во организација на МК Ноќни Волци, а со поддршка од Мотоциклистичката федерација на Македонија на патеката Милци крај Гевгелија, викендов се одржа последната трка од отворениот Шампионат на Македонија во мотокрос.

Крајот на сезоната привлече голем број на мотоциклисти, иако трката се одржа невообичаено доцна, последниот викенд од ноември. Вкупно 38 учесници од Македонија и соседните земји Бугарија, Грција и Србија беа поделени во 5 класи и 3 дивизии.

motocross milci 16 1Фото: Sase Tec Stojanovski

Кај најмладите најдобар беше Димитар Грозданов (Бугарија) пред Миодраг Станоевиќ (Србија). За третото место неизвесна борба водеа нашите претставници Алберто Видески (МК Ноќни волци) и Самир Бишевац (МК Мото Велес) кои беа и најголеми конкуренти за титулата во класата МХ85. Во првата трка Бишевац успеа да биде побрз, но во втората Видески во неизвесен финиш дојде до третото место со предност од само 0,071 секунди! Тоа беше доволно за место на подиумот за Видески, но Бишевац освои доволно бодови за да ја одбрани шампионската титула.

Во МХ2 победи уште еден млад возач од Бугарија, Станислав Цеклеов. Нашиот Христиан Станковиќ (МК Мотостарс) кој настапи со позајмен мотоцикл со ендуро спецификации, успеа да биде втор пред Младен Станоевиќ (Србија) и по петти пат да ја освои шампионската титула. Треба да се напомене фер-плеј потегот на Борис Мојсов (МК Ноќни волци) кој за второто возење му го позајми мотоциклот на Станојевиќ, откако српскиот натпреварувач имаше дефект на својата јамаха. Неизвесно беше за 4-тото место, каде четворица учесници на крајот беа во само 2 бодови разлика. Со одлично второ возење, како 4-ти заврши Михаил Бајовски (МК Ноќни волци), пред Драган Ванов (МК Мото Велес) и двоецот од МК Ноќни волци, Ангел Ристов и Петрос Танусис.

Во MX1 видовме уште едно супериорно издание на нашиот најдобар мотокросист, Христиан Илиоски. Неговиот атрактивни скокови ја одушевија многубројната публика, а воедно тој го постави најдобриот круг на денот на 1.500 метри долгата патека – 1:40,877. Васко Киров (МК Ноќни волци) беше втор, додека за третото место и свој прв подиум во кариерата се избори Синиша Николоски (МК Александар) кој беше подобар од Тано Пајдаков (МК Ноќни волци) и својот клупски колега Александар Србакоски. Илиоски со третата шампионска титула по ред во класата МХ1 стигна до својата втора златна кацига, а воедно го изедначи рекордот на Гоце Томовски (МК Гого) со најмногу титули во Шампионат на Македонија во мотокрос – вкупно 8!

Тони Цветков (Бугарија) победи во МХ3, пред Борче Костов (МК Ноќни волци) и Јован Јовановски (МК Ноќни волци). Второто место му беше доволно на Костов да ја освои шестата титула по ред, воедно и втората златна кацига.

Во МХ Опен првите две места им припаднаа на гостите од Грција, Статис Фисекис и Сотирис Папас, додека трет беше Велик Кичуров од Бугарија.

Кај клубовите најуспешен беше МК Ноќни Волци од Скопје со што ја завери екипната титула, пред МК Мото Велес и МК Александар од Скопје.

Извор: МФМ

Би можело да ве интересира

„Можеме да се бориме за победа, но Хорхе и Марк исто така се добри на оваа патека. Затоа сметам дека воопшто нема да биде лесно“ - Андреа Довициозо.

Пред вас е Suzuki GSX-R1000 – Ryuyo, супербајк кој има 209 коњски сили и тежина од 167 килограми. За жал, од овој модел ќе бидат произведени само 20 примероци кои ќе имаат цена од 29.990 евра.

Марк Маркез призна дека добро се справува со периодот во кој нема постигнато ниту една победа во премиерната класа.

Можеби тоа е само земја на слободи во однос на полуавтоматските оружја. Но се чини дека во иднина жителите на Америка нема да имаат избор во однос на тоа каков мотоцикл ќе можат да купат.

Валентино Роси вели дека се разгледува идејата за радикална промена кај Yamaha со цел да се решат проблемите со кои се соочува тимот.

Moto Guzzi ја претстави новата спортска верзија на нивниот Moto Guzzi V9 Bobber кој сега ќе има поголеми тркала, единечно седиште и црн издув.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!