25-то јубилејно мото рели Македонија - Независност ќе се оддржи од 2-ри до 4-ти септември.

25-то мото рели Македонија - Независност ќе започне во петок, а ќе трае до недела.

Според планот, првиот ден поаѓањето ќе биде од плоштад Македонија во Скопје на 02 септември, учесниците треба да дојдат на плоштадот во 9 часот изутрина, а крајна дестинација е Дојран.

Вториот ден поаѓањето е од Дојран, а целта е во Струга, во кампот АС.

Третиот ден е враќањето од Струга до Скопје.

02.09.2016 (Петок)
Скопје, Куманово, Кратово, Пробиштип, Кочани, Виница, Берово, Струмица, Стар Дојран

03.09.2016 (Сабота)
Стар Дојран, Гевгелија, Кавадарци, Прилеп, Битола Охрид.

04.09.2016 (Недела)
Охрид, Струга, Вевчани, Дебар, Маврови Анови, Гостивар, Тетово, Скопје.

Според програмата во петок вечер ќе има забава во кампот „Партизан“ во Дојран каде има повластена цена за спиење односно цела приколка ќе чини 400 денари. Втората вечер забавата ќе се одржи во авто кампот „АС“ во Струга каде цената на приколките ќе биде 500 денари.

Котизацијата изнесува 600 денари за возач и 400 за совозач.

Формулар за пријава на клубови

Формулар за пријава на поединци

Entry form

Back To Top