Бензинот поевтинува за 3 денари, според одлуката на Регулаторната комисија, од ноќеска ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава по цена од 64 денари, а ЕУРОСУПЕР БС-98 по 66 денари за литар.

benzin cena motori

Бензинот поевтинува за 3 денари, според одлуката на Регулаторната комисија, од ноќеска ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава по цена од 64 денари, а ЕУРОСУПЕР БС-98 по 66 денари за литар.

Регулаторната комисија за енергетика на денешната седница одлучи во наредните две недели горивата да се продаваат по нова намалена цена, односно бензините поевтинуваат за 3, а дизелот за 2 денари.

Регулаторната комисија за енергетика на секои две недели ги одредува цените на горивата во земјава, што значи поевтинувањето од 3 денари за литар ќе биде активно во следните две недели по што ќе има нова одлука.

Овој викенд веќе имаме активности, во сабота не очекува забавата на Дарданианс во Скопје, а вториот викенд (5-7 септември) се вози Рели Македонија. Не заборавајте да ги наполните резервоарите ;)

Back To Top