„Гушни го светот“ првата активност за 2018 ќе ја има на градскиот плоштад во Скопје.

На 1-ви јануари точно на пладне, традиционално, моторџиите го обележуваат почетокот на мото сезоната за престојната година.

Оваа година собирот ќе го збогатиме и ќе му пркосиме на ладното време, со топлите гушки на Силве и Тони од Гушни го светот.

Моторџиите се за нас нешто посебно, нивната подршка највеќе  ни значи, не врзува иста страст и љубов, мотори во срцата и  бензин во крвта.

Пријателските прегратки со новите моторџии  и срдечните гушки со нашите стари пријатели ќе ни бидат стимул и сила за патувањето кое не очекува.

Ги очекуваме подршката од нашите моторџии и сите љубители на две тркала.

Да потсетиме, турнејата на собирање прегратки низ Македонија е веќе започната и се споделува на веб страната и нивната фејсбук страна.

Back To Top