Љубителите на Хонда во недела (26-ти јуни) на паркингот на Мотоцентар (Качанички пат) организираат собир за почитувачите на брендот Хонда на четири и две тркала.
Љубителите на Хонда во недела (26-ти јуни) на паркингот на Мотоцентар (Качанички пат) организираат собир за почитувачите на брендот Хонда на четири и две тркала.
Авто собирот ќе се одржи во недела, а освен предвидената изложба на автомобили и мотоцикли, настанот ќе има и хуманитарен карактер.
Почетокот е предвиден за во 10 часот, а собирот ќе трае до 15 часот во недела. За оние кои ќе го посетат настанот со своите возила и кои сакаат да учествуваат на натпреварите, потребно е да дојдат во Мотоцентар во периодот од 9 до 9.30 часот. Исто така организаторите замолуваат да ја пополните регистрација на следниов линк: https://docs.google.com/forms/d/1QF7QtfHQdY9ETu9omcUqvadT7BHt7sYUWp8-RAE0Abg/viewform
Одличен начин да се забавувате и дружите со останатите вљубеници во Хонда!