Членовите на Мото клубот Вардар во недела (20-ти септември) ќе го прослават 37-от роденден на клубот.

moto klub vardar

Членовите на Мото клубот Вардар во недела (20-ти септември) ќе го прослават 37-от роденден на клубот.

Мото клубот ВАРДАР е формиран на 20 Септември 1978 година со Вања Битуљану како претседател. Првата активна сезона е 1979 година, со учество на неколку возачи во трките на Југословенската втора мотокрос лига.

Во Септември истата година за претседател е избран Васил Николовски. Во наредните два месеци, на патеката покрај Вардар (позади денешен Александар Палас) клубот организираше четири трки од второто мотокрос првенство на Македонија.

Оттогаш Вардар е масовен и квалитетен клуб, со најголем број трофеи и легенди, започнувајќи со Зоран Наумовски Кизо, преку Виктор Вешовски Вите, Вилсон Стефановски, Мирче Ќорнаков, Александар Николовски, Гоце Томовски...

Во 1982 година, во времето на големата нафтена криза во СФРЈ, МК Вардар ги организираше атрактивните трки „Томос аутоматик“. Следната година овие трки се проширија и во Битола. Многу познати мотоциклисти во Македонија се оформија и искалија токму на тие трки. Од 1988 година клубот почна да настапува и во туринг екипата на ФИМ рели. Денес сеуште се активни ФИМ и меритум возачите Јордан Ристовски и Боби Иванов, како и Доне Дрмановски, Златко Николовски и други.

На 12-ти јуни 2014 почина таткото на македонскиот мотокрос и претседател на мото клубот Вардар - Васил Николовски. По тој повод членовите на клубот во сабота во 12 часот ќе го посетат Зајчев Рид и гробот на Васил Николовски каде ќе положат и свежо цвеќе, по што ќе се упатат кон мотодомот Орман.

Back To Top