Во духот на новогодишните празници, мото клубот Мотори од Скопје и нивните пријатели ќе се потрудат барем на момент да им ја вратат насмевката на децата и младите од домот „Димитар Влахов“ во Скопје.

Во духот на новогодишните празници, мото клубот Мотори од Скопје и нивните пријатели ќе се потрудат барем на момент да им ја вратат насмевката на децата и младите од домот „Димитар Влахов“ во Скопје.

Акцијата ќе се одржи на 28-ми декември (среда) со почеток од 12 часот во домот во Кисела Вода. Претходно членовите на клубот од 11.30 ќе се соберат во Quatro Caffe (кај кулите Расадник во Кисела Вода) од каде заедно во колона ќе возат до „Димитар Влахов“.

Како и изминатите две години маестро Игор Џамбазов во својство на поддржувач на клубот Мотори ќе се обиде да ја надополни атмосферата за која не се сомневаме дека ќе биде одлична. За дечињата мото клубот обезбеди пакетчиња, но ќе донираат и компјутер за потребите на домот, а насмевката која ќе ја добијат за возврат е доволна за да ги стопли од надворешните температури.

Погледнете како изгледаше минатогодишната акција:

Доколку сте во можност, можете да се приклучите во активностите на клубот, во 11.30 со својот мотоцикл бидете облечени во Дедо Мраз кај Quatro Caffe во Кисела Вода.

Back To Top