Над 150 моторџии од мото клубот „Ноќни волци“ од повеќе словенски земји учествуваат во проектот наречен Славјански свет. Нивната мисија, која ќе трае 20 дена, почна од Нитра Словачка, информираа денеска на прес конференција од македонскиот мото клуб Ноќни волци.

19688310 10214144202387880 1640252986 o 1000x600

- „Нашата идеја е дека сите словенски народи се исти, влечат исти корени. Во клубот сите перфектно се разбираме од сите нации и религии, па зошто не можат да го направат тоа и другите луѓе.“, објаснуваат од Ноќни волци.

Моторџиите ќе поминат 3500 км, а симбол на маршутата им се словенските просветители Св. Кирил и Методиј, објаснува русинот Евгениј Страгов кој додава дека во секоја земја се подаруваат и разменуваат икони од светци.

- „Симбол на нашиот проект се Св. Кирил и Методиј. Писменоста почнува од Охрид и се шири низ славјанските земји. Задоволство е што сум во светиот град Охрид и не случајно е организиран пресот од страна на рускиот конзулат и Ленин Јовановски тука, токму во Охрид – лулка на словенската писменост, за да ја испратите пораката за обединување на Словените и православието.“, напоменува Страгов.

Во моторџискиот марш учествуваа моторџии од клубови од Русија, Бугарија, Словачка, Бугарија,Србија Република Српска, Македонија. Проектот „Славјански свет“ има поддршка од руското министерство за надворешни работи и руската Православна црква.

19532679 10214144202027871 1564764534 o

Извор: popularno.mk

Back To Top