Мото клубот Рисови од Прилеп на 22. август (сабота) го организира 6-от по ред мото фестивал.

11807189 10153602305601579 299244157365069648 o

Мото клубот Рисови од Прилеп на 22. август (сабота) го организира 6-от по ред мото фестивал.

Почетокот на настанот кој воедно е и 6-ти роденден на клубот е закажан за во 16 часот пред камената бина во Прилеп каде ќе се пречекуваат гостите до 18 часот. Според агендата по пречекот на гостите ќе се вози дефиле низ Прилеп (почеток во 18 часот), а од 20 часот забавата продолжува во ресторан Лаки.

На забавата ќе настапат одличните „Revelation“, прилепчани се познати по добрата храна, а сигурно нема да недостига ни пивото, па затоа организаторот обезбеди бесплатен простор за кампинг за сите оние кои ќе сакаат да преспијат.

Не заборавајте, оваа сабота (22-ри август) по 16 часот, се гледаме во Прилеп на забава кај МК Рисови.

Back To Top