Сезоната на мото собири за 2018 официјално започнува со првиот настан кој ќе се одржи на 2-ри и 3-ти март во Скопје.

CHOPPER CLUB MACEDONIA по повод својата независност на 2-ри и 3-ти март организира мото собир во својот клаб хаус во Скопје.

Овој викенд и официјално ќе започне сезоната на мото настани во Македонија за 2018 година. Чопер Клуб Македонија е организатор на првиот настан во сезоната, добри дечки кај кои нема утка со организацијата, па не се сомневаме не очекува одличен викенд. Во петок и сабота вечер се гледаме во нивниот клаб хаус во Скопје.

Во продолжение и поканата од клубот:

Почитувани браќа и пријатели,

Повелете на нашата дводневна SPRING PARTY na 02 и 03 Март 2018 по повод добивање на независност на CHOPPER CLUB MACEDONIA !!!

Скопска пивара, вкусна скара и рок ен рол со бедовите LIVEWIRE -(Скопје) во петок и HOTLINE-(Штип) во сабота.

локација: Клубхаус 3313

Back To Top