Дејан Шпољар, хрватската стант ѕвезда ќе биде гостин во Прилеп на 11 октомври со своето шоу.

dejan spoljar

Дејан Шпољар, хрватската стант ѕвезда ќе биде гостин во Прилеп на 11 октомври со своето шоу.

Мото клубот „Street Angels“ од Прилеп, по повод празникот 11-то октомври на полигонот Старо Лагово ќе го донесе хрватскиот стант мајстор Дејан Шпољар.

Шоуто ќе започне во 13 часот на паркингот пред патеката за мотокрос во Лагово, во близината на Прилеп. Влезницата за посетителите ќе изнесува 80 денари, а предвидено е шоу кое ќе трае неколку часа во кое посетителите ќе можат да учествуваат во мајсториите на Шпољар.

За оние кои не се запознаени со способностите на Дејан, во прилог следува и видео со репортажа на хрватската национална „HRT 1“ телевизија.

Back To Top