Мото клубот Мото Скопје успешно ја организираше хуманитарната акција за собирање средства за помош на Љупчо.

Љупчо е 26 годишен моторџија од Прилеп кој има потреба од финансиска помош за борба со болеста, за него веќе пишувавме и дониравме преку сметките отворени за оваа намена, но мото клубот Мото Скопје се одлучи да организира акција во која собра повеќе средства.

Во петокот вечерта во „Роуд Хаус“ моторџиите од повеќе клубови од Македонија но и од околните земји ја покажаа хуманоста на дело, освен што се видоа и дружеа, собраа средства кои денеска ќе бидат уплатени на сметката на Љупчо.

Сликите од акцијата можат да се погледнат во галеријата на сајтов или на нашиот фејсбук пејџ.

Се надеваме дека потегот на Мото Скопје ќе го следат и останатите мото клубови, па наскоро ќе можеме да присуствуваме на повеќе вакви настани.

moto skopje akcija

Во продолжение и соопштението од клубот:

Успешно заврши нашата хуманитарна забава за нашиот колега Љупчо од Прилеп... собраните средства уште во понеделник ќе бидат уплатени на сметката на Љупчо.... 

Се надеваме дека забавата ги задоволи вашите очекувања...

Организаторот им се извинува на клубовите од внатрешноста кои не добија директна покана за настанот. Заради ладното време и оддалеченоста од локацијата, директни покани добија само клубовите од Скопје... идејата беше во секој град клубовите да организираат хуманитарни акции за Љупчо од Прилеп!! Благодариме на разбирањето...

Благодарност од целиот Мото Скопје до оние што беа присутни... секако и до останатите што ја помогнаа нашата акција, а не беа во можност да дојдат... Благодарност до гостите од Србија,Босна и Хрватска !!

Back To Top