Она кога ќе ти пукне филм од сите „моторџии“ што летаат низ град со 250, а од заштитна опрема носат наочари. Моторџија мал по стаж, голем по размислување, има свој коментар на темата кој го пренесуваме интегрално.

Уште на почеток да си кажеме и да бидеме на чисто. На мотор првпат се качив пред неколку месеци, значи сум аматер со три-четири илјади километри, ама затоа кола возам веќе дванаесет години и имам пола милион зад мене. Да бидам искрен, и многу ми беа тие три-четири илјади, за да видам кои се глупости сум им ги правел на моторџиите околу мене. Морам да признаам дека имало ситуации каде што сум се понашал максимално педерски, без да бидам свесен за тоа. Прашањето е дали возачите на четири и повеќе тркала нѐ гледаат рамноправно во сообраќајот. Не, не нè гледаат рамноправно, чак што више има и моменти каде што воопшто и не нè гледаат, не постоиме, ама за сето ова сите сме свесни и јасно ни е дека е така. Имаме ли право да бидеме бесни на сето ова? Е ај да не, па тоа може глава да не кошта, многу и платиле со истата, бог да им душу прости. Тие три-четири илјади исто така ми беа доволни да видам и нешто друго, нешто што ние на четири сме го виделе, ама кога се качив на две, стана многу појасно.

Кој бе тебе ти даде право да ме поминеш од десна страна? Што си ти? – Пич. Па и ретровизор ќе кршиш. Ајде бе. Оти? Сум мрднал десно во мојата лента каде што ти не смееш да бидеш.

Знаеш колку ти треба да закочиш? Ако знаеш, што к.. си ми се залепил одзади, ко да сакаш да видиш што имам на задна полица. Е после јас сум бил крив оти сум закочил и си се направил пресликач на петта врата или си вежбал скок во далечина преку кола до две. Што? Јас да пазам на тебе? Биди сигурен, си имам јас кого да пазам, ти не си тој.

Или пази ситуација ... нешто како полу празни улици, сите мање-више по прописи, плус минус десет на саат, се си тече глатко. И наеднаш од никаде те прелетува звук. Облекол бела бермуда, бела маичка со натпис, ги наврел апостолките и типот тргнал на кафе. На здравје нека му е, ама брат со 150-200 на саат биди сигурен дека еден ден, порано или покасно, ние ќе пиеме црно кафе за твоја душа. И не, нема да биде крив тој што се престројувал од лента на лента, а тебе те немало никаде две секунди претходно.

Има ли потреба да набројувам други ситуации, каде ти се поставуваш над сите во сообраќајот?! Што очекуваш, дека сите на патов те чекаат само тебе да прелеташ и сите ќе возат ко што тебе ти одговара?! Пола од времето на мотор возиш на претпоставка, позади ваа кривина јали има, јали нема камион. Немој да се чудиш кога еден ден ќе те прегазат ко пијан гомно. Така завршуваат тие работи, секогаш, без исклучок.

Сите што подолго возат биле бар на еден погреб на некој брат по мотор. Сите го имаат видено изгубениот поглед на неговите. Сите виделе како стои дете со сликата на татко му и сѐ уште не му е јасно. Не знае зошто плачат сите околу него. Зошто се собрале и брчат толку мотори. Сѐ уште не знае дека никогаш веќе нема да го види. Жена му не знае дали те мрази или и тебе да те плаче. Заедно бевте на последното возење, заедно ги правевте пиздариите, нормално е да те мрази и нормално е и да те плаче, оти знае дека еден ден и ти ќе завршиш на ист начин. Уште пострашно е што најверојатно со себе ќе понесеш и други. Ќе оставиш некој овде цел живот да се чуди зошто испадна толку глуп. Едни ќе те плачат, други ќе ти ја колнат душата, оти не можат да ти дадат прошка. И како би, кога си им го земал најмилото. Јас сум гледал и такви погреби. Си видел сандак од метар должина како го затрпуваат, како молат и колнат да легнат на негово место? Си слушнал ли како звучи јадот на тие луѓе, јадот што ти им го донесе? Кој си бе ти, коњу један, да се поставиш над сѐ, да одлучуваш за туѓи животи ... па ти не можеш ни за својот. Во животот те води фрустрацијата од твоето мало куре.

Да, избегав од насловот, ама ме понесоа емоции, јебига кад сам емотивац, ама барем испукав мал дел од мојот бес. И не, у право си, не важи ова само за моторџиите. Важи за сите, од прв до пешак (они се башка категорија невини камикази, час, час, па ти скока некој пред кола, пред мотор...). Запирам тука, оти ако продолжам, тоа ќе бидат само сочни псовки, а и не можам да го поднесам чувството што ми се јавува додека го пишувам ова.

Иван Лепојевиќ

Back To Top