Корисни текстови

Дали навистина треба да го менувам маслото секоја година?

Само што ги прочитав вашите совети во однос на промената на маслото. Во моето упатство од мотоциклот пишува дека треба да го менувам маслото на секои 5000 километри. Но јас само поминувам 1500 километри годишно. Според тоа, треба да менувам масло на секои 3 години. Дали треба да го менувам маслото секоја година? Дали е во ред да го менувам маслото на секои три години бидејќи не возам толку многу?

Следете нè на:

 

Почитувани мотори.ком.мк,

Само што ги прочитав вашите совети во однос на промената на маслото. Во моето упатство од мотоциклот пишува дека треба да го менувам маслото на секои 5000 километри. Но јас само поминувам 1500 километри годишно. Според тоа, треба да менувам масло на секои 3 години. Дали треба да го менувам маслото секоја година? Дали е во ред да го менувам маслото на секои три години бидејќи не возам толку многу?

Ви благодарам, Кире.

ПС. Само за да се чувствувам сигурно, го менувам маслото секоја година.

---------------------------------------

022717 ask mo oil change f

Драг Кире,

Ја правиш вистинската работа со менување на маслото секоја година. Во секое упатство кое го имам видено пишува дека маслото се менува после одреден број на поминати километри или еднаш во годината. Дури и производителите на супер синтетичките масла како што е Motul велат дека тоа треба да се менува еднаш годишно.

Она што се случува, во теорија, е дека ако маслото не се загрее доволно – што нема да се случи ако возите на кратки релации –  бипродуктите кои завршуваат во маслото немаат можност да согорат. А тоа воопшто не е добро. Но некои експерти велат дека тоа воопшто не претставува проблем. Затоа и експертите во оваа област сурерираат на секои две недели да свртите поголем круг пред да стигнете дома.

„SAE Paper 98144“ е истражување кое го документира развојот и тестирањето на новата технологија за производство на синтетички масла. Исклучителни резултати биле забележани кај Северно Американски и Европски тестови, како и кај не стандардните тестови како што е издржливоста на моторот и потрошувачката на гориво.

Документот исто така го содржи и таканаречениот “Aunt Minnie test” во кој 3.1 литарски автомобилски мотор беше возен 10000 километри во период од шест години, две кратки релации дневно, притоа користејќи го истото синтетичко масло кое никогаш не ја достигна оптималната температура. После шест години, моторот беше во добра состојба, а исто така и синтетичкото масло.

Но тоа е автомобил, а не мотоцикл, а агрегатот на вашиот мотоцикл, покрај тоа што работи понапорно и врти побрзо, веројатно има и влажно квачило кое допринесува до загадувањето и го уништува маслото.

Нашиот искрен совет би бил да го менувате маслото најмалку еднаш годишно, притоа можете да заштедите доколку користите масла кои ги задоволува спецификациите на вашиот мотоцикл, доколку за вашиот мотоцикл е препорачано да ставите Motul 7100 не ставајте 300V, ниту моторот ќе ви работи подобро, ниту вие ќе бидете подобар возач.

Би можело да ве интересира

Како што можете да забележите по огласите за продажба на мотоцикли, возраста се повеќе ги принудува возачите засекогаш да се откажат од своите мотоцикли.

Во Хонда салонот на Макпетрол пристигна новиот Honda CB125R 2018.

Организаторите на релито Дакар само што ги соопштија нивните првични планови за 2019 година. Следната сезона, оваа исклучително тешка трка ќе се оддржи само во една држава: Перу.

MV Agusta по пауза од 40 години повторно ќе биде дел од Гран При трките. Легендарната Италијанска компанија од 2019 година ќе биде дел од Moto2 серијата.

Патеката Ле Ман во Франција беше домаќин на петтата трка до МотоГП шампионатот. Марк Маркез уште еднаш го потврди својот авторитет откако победи со предност од 2.31 секунда пред второпласираниот Петручи.

Дукати го обезбеди потписот на Довициозо, но сѐ уште не е познато кој ќе биде негов тимски колега.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!