Гледајќи 50 години во иднината, тешко е да се замисли дека истите облици и дизајни ќе останат. Всушност, дури е можно и да се замисли возачите на мотори воопшто да не носат кацига.

Се трудиме почесто да зборуваме за деталите при носење кацига, особено во смисла на дебатата за законите за задолжително носење кацига.  Во тој контекст, гледајќи ги кацигите од пред 50 години, можеме да забележиме дека основниот концепт не е многу изменет.

Цврста школка, малку материјал што апсорбира удар, мека облога пред визирот и заштитник на брадата,  во изминатиот половина век  поголемиот дел од подобрувањата на основниот дизајн се за да се подобри удобноста, или пак се направени од поефтини или полесни материјали. Дури и покреативните дизајни кои можат да се најдат на интернет не се разликуваат многу од сегашниот концепт.

Гледајќи 50 години во иднината, тешко е да се замисли дека истите облици и дизајни ќе останат. Всушност, дури е можно и да се замисли возачите на мотори воопшто да не носат кацига. Не, не мислам за некакво ослободително движење кое ќе помине низ нашиот политички систем или ќе не ослободи од оковите на владата. Мислам на следната генерација на безбедносни уреди кои ќе ја заштитат сивата материја која се наоѓа помеѓу нашите уши, и која можеби ќе и стави крај на дебатата за законот за задолжително носење кацига ( но... веројатно нема) 

motori-bez-kaciga

(Р)еволуцијата за која зборувам е употребата на активни системи за заштита на телото, од кои најосновна форма е  воздушното перниче.  Веќе има обиди за употреба во трките на MotoGP, WSBK па дури и во АМА. Можеме да ја видиме употребата на воздушното перниче во тркачките костуми на Alpinestars и Dainese, нема да помине многу време пред воздушните перничиња за улична употреба да бидат достапни за сите потрошувачи.

Не е тешко да се види што следува во смисла на безбедносната опрема за возење моторцикли бидејќи напредокот во развојот на современите дизајни на кациги очигледно го достигна врвот , додека темпото на развој на активните системи за заштита на телото брзо се зголемува.

Иако можеби е поленсо да се развие и да се вметне воздушно перниче во јакната, развојот на решение за заштита на главата не е многу далеку. Работејќи на тој концепт, Шведски претприемачи, веќе имаат развиено стилско решение за велосипедистите (погледнете го видеото).  Дали е тешко да се замисли нешто слично на ова но за моторцикли во наредните 50 години? Една деценија звучи по веројатно.

Back To Top