Следува периодот во кој иако сеуште календарски трае зимата, температурите се искачуваат високо над нулата и тоа е доволна причина за оние кои не возеле цела зима да се провозат со својот мотоцикл.

Покачувањето на температурите на воздухот за многумина е одлична прилика да се издуваат. Следува периодот во кој иако сеуште календарски трае зимата, температурите се искачуваат високо над нулата и тоа е доволна причина за оние кои не возеле цела зима да се провозат со својот мотоцикл.

За жал ова е период од годината во кој се случуваат многу сообраќајни незгоди. Првично, заради невниманието на возачите на автомобили кои не се свесни дека мотоциклистите се дел од сообраќајот (ги очекуваат само летно време), а секако тука се и лошите услови за возење, кои се далеку од она на што сме навикнати летно време.

Моторџиите кои возат низ целата година знаат дека асвалтот не „лепи“, знаат дека гумата нема шанси да се загрее, и затоа внимаваат значително повеќе отколку во летниот период. За оние кои се качуваат на мотор прв пат по зимската пауза најважно е да ги запомнат следните совети: - Колку и да се трудите гумите нема да се загреат

  • Асвалтот е ладен, без разлика што грее сонце.

  • Белите ленти на патот се двојно по лизгави отколку во летниот период.

  • Возачите на автомобили во Македонија не очекуваат мотори во сообраќајот пред летото, отворете „четири очи“.

  • Возете претпазливо, не сте се качиле на мотор неколку месеци па нормално е рефлексите да ви се намалени додека не влезете повторно во форма.

  • Не експериментирајте, и не правете егзибиции, наглото давање на гас може само да ве фрли од седиште.

  • Оставете доволно простор за кочење, запомнете дека асвалтот е ладен, гумите не се загреани, ви треба повеќе простор за кочење отколку што е вообичаено.

  • Навалувањето на моторот во кривини не треба да биде ни приближно на она што го правите во нормални услови.

  • Не возете покрај работ на коловозот. Ова посебно важи доколку возите надвор од градските средини, внимавајте на одрони од карпи, песок, како и ѓубре кое е насобрано по краевите.

Можеби ќе бидеме и здодевни, но ќе повториме, првите возења по зимската пауза треба да ги направите со големо внимание. Не заборавајте, возите за вас, а не за да бидете видени, однесувајте се така и почитувајте ги сообраќајните правила и прописи.

За крај, возењето на мотор без кацига и соодветна опрема е исто како и скокањето од авион без падобран, Ве молиме, не правете го тоа.

Back To Top