Корисни текстови

Топ 5 мотоцикли кои се возат со А2 категорија

А2 мотоциклите се мостот за оние возачи кои не сакаат повеќе да возат мотоцикли со зафатнина од 125cc но кои се уште не можат да возат мотоцикли од А категорија.

Следете нè на:

 

А2 мотоциклите се мостот за оние возачи кои не сакаат повеќе да возат мотоцикли со зафатнина од 125cc но кои се уште не можат да возат мотоцикли од А категорија.

Возачите кои спаѓаат во оваа категорија можат да возат мотоцикл кој има најмногу 47 коњски сили. А2 категоријата вообичаено ја имаат лица на возраст помеѓу 18 и 23 години.

Но сепак тоа не значи дека треба да имате лимитиран избор на мотоцикли бидејќи се повеќе производители сега нудат машини со зафатнина помеѓу 250-500cc.

Еве го нашиот избор на најдобри пет мотоцикли кои спаѓаат во оваа категорија.

KTM RC 390

Овој мотоцикл е навистина интересен. Инспириран од Moto3 машината на КТМ, RC390 има едно цилиндричен мотор, челична рамка и алуминиумска задна вилушка. Лесен е за возење и со него ќе можете да влегувате во свиоците како Џек Милер. Можете да го погледнете во салонот на Динамикс.

ktm rc 390 2

BMW G310R

Овој мотоцикл на BMW е веројатно нивниот најважен модел досега. Германската компанија сака да ги подготви возачите ширум светот и се надеваат дека тоа ќе го направат со оваа машина. Добро е граден, лесен е за управување при помала брзина но има и нешто спортско во него кога ќе го притиснете. При помала брзина, кумплугот и брзините би можеле да претставуваат мал проблем. Повеќе информации за него во салонот на Динамикс.

bmw g310r

Honda CBR500R

Одличен вовед во светот на спортските мотоцикли. Голем и моќен мотоцикл кој сигурно ќе им биде интересен и на поискусните возачи.Има модерен изглед, а суспензијата и протокот на воздух ќе ви го направат возењето уште попријатно. Може да се погледне во салонот на Хонда (Макпетрол) каде се продава по цена од 6990 евра.

honda cbr500r

Suzuki GSX250R

Нов модел за 2017 година, GSX250R има 249cc „parallel twin“ мотор. Мотоциклот е перфектен за оние кои сакаат да напредуваат на скалата но и кои би се исплашиле од некој посилен мотоцикл. Само што пристигна во продавниците на Suzuki.

suzuki gsx250r

Yamaha MT-03

Прекрасен на изглед и со одличен квалитет, овој модел на Yamaha веќе најде свои приврзаници на пазарот. Идеален е за урбани средини но Yamaha MT-03 ќе ви пружи одлично задоволство доколку решите да го возите и надвор од градот.

yamaha mt 03

Би можело да ве интересира

Викендов на патеката Мотеги во Јапонија ќе се одржи 16-та трка од МотоГП шампионатот.

На наш колега моторџија му е потребна помош, да се покажеме во вистинско светло во недела!

Викендов на патеката Орман во Скопје се вози третата и последна трка од шампионатот на Македонија во мотокрос.

Фантастична борба за победата ја одбележа првата трка за ГН на Тајланд која му припадна на Марк Маркез.

Слободно можеме да кажеме дека новите модели кои ги прикажа Ducati за време на Intermot беа помалку резервирани.

За време на изложбите во Париз и Intermot, Honda го претстави новиот Super Cub C125 кој се очекува да се најде на пазарот оваа есен.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.