24
Нед, Сеп

bikeaccident.jpgВчера пред хотелот Александат Палас се случи тешка сообраќајна несреќа. Возачот на моторот е сеуште жив, но во многу тешка состојба. Бесполезно е да навлегуваме во тоа кој е виновен за случајот, и најмалце е битно тоа кога еден млад живот е во прашање. Затоа, ВОЗЕТЕ ВНИМАТЕЛНО и секогаш, ама баш СЕКОГАШ, НОСЕТЕ ЗАШТИТНА ОПРЕМА!
Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter

rfp.jpg Џефри Полнаја е Индонезиец кој е на пат од 2006 година. Ride For Peace, е мисија во која тој го промовира мирот во светот возејќи го својот мотор низ целата планета. До сега има поминато 52 земји низ Азија, Африка и Европа, а неговото патување ќе заврши во 2011 откако претходно ќе ги обиколи Америка и Австралија. Македонија е 53 земја која тој ја посетува, па желни да дознаеме нешто повеќе за него направивме ексклузивно интервју во Custom Pub, клубското место на POTFAT MC.

Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter

as2.jpgВо Ас Моторс можете да направите нарачка за производите од програмата на Louis, MRA  (ветробрани) и Mitas (гуми). Нарачаните производи ќе стасаат кон крајот на месецот, а за подетални информации околу цените и самите производи  обратете се директно во Ас Моторс или посетете го нивниот салон кој е лоциран на Водњанска.
Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter

dsc_0447a.jpg Имате спортски мотор, кожно одело со штитници, добри гуми, најдовте одлично место за "лежење", е сега останува уште да го спуштите коленото на асфалтот. Бидејќи е далеку од лесно и едноставно (барем на почетокот), еве ви туториал кој ќе ве подготви за она што ве очекува и ќе ви помогне полесно, побрзо, а и побезбедно за прв пат да оставите белег на некоја кривина, и нормално притоа да останете на моторот :)

Кликни на линкот

Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter

tw.jpg Twist of the wrist е најчитаната книга во светот поврзана со мотоциклизмот. Книгата преку примери и детални објаснувања ќе ви помогне да ги разберете принципите на возењето на мотор, но не само основни работи како позиција на телото во кривина туку и напредни. Книгата се препорачува за сите мотоциклисти, па доколку сте во можност, купете ја. Доколку не сте во можност да ја купите книгата, симнете ја ;)

Twist of the wrist I.pdf 

Twist of the wrist II.pdf

Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter

Исто како што повеќето моторџии сметаат дека нивните мотори треба да бидат ремек дело, многумина од нив сметаат и дека нивните тела се празни платна кои нудат можност за индивидуално изразување.

Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter

Осигурителните компании не ги покриваат трошоците за сообраќајна несреќа со мотор до 50 кубици, ако сопственикот не ја обновил осигурителната полиса. Во случај на сообраќајка со некое вакво моторче, надомест за претрпената штета може да се бара само со приватна тужба..
Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter

Доколку сакате да купите половен мотор, а не се разбирате доволно или едноставно нема кој да го провери моторот за вас, прочитајте го текстов, ќе ви помогне околу изборот. Во најмала рака ќе ве насочи на што да внимавате и каде да гледате... (текстот е на англиски)
Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter

Доколку барате упатство за сервис или за користење на моторот, а не ви се даваат 20-30$, repairmanualclub.com е вистинското место за вас. Упатствата се бесплатни, а потребно е само да се регистрирате на сајтот за да можете да преземете упатство. Има многу упатства, дури и за модели на мотори од 90-те години, а сето тоа благодарение на корисниците, кои ги прикачуваат упатствата. Затоа, не бидете себични, доколку имате упатство во електронска форма, прикачете го.

 http://www.repairmanualclub.com/ 

Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter
Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами