Нашиот најдобар натпреварувач во класата до 125цм3 Аргетим Рамадани успешно ги заврши подготовките пред почетокот на сезоната во брзински мотоциклизам за Источно Европскиот шампионат.

11149015 807521875992284 1664688038 n

Нашиот најдобар натпреварувач во класата до 125цм3 Аргетим Рамадани успешно ги заврши подготовките пред почетокот на сезоната во брзински мотоциклизам за Источно Европскиот шампионат.

Аргетим минатата сезона како натпреварувач на МК Мотори го освои третото место во ИЕШ, а според најавите годинава ќе се обиде да го подобри успехот и да се искачи барем едно скалило погоре на пиедесталот. Неговата мисија нема да биде лесна, но успешните подготовки на патеката Серес ветуваат дека ќе следиме возбудливи трки во класата до 125цм3 во која друштво ќе му прави и Христијан Бузалковски.

Годинава под водство на својот нов тренер од МК Сакамото познатиот Слободан Ивчески, тој ќе се трка во две класи, главниот акцент секако ќе биде ставен на класата до 125цм3 за каде планира настап на сите трки во шампионатот, а според најавата ќе имаме прилика да го видиме и барем на една трка во класата до 600цм3.

Рамадани кој денеска (14.04.2015) полни 17 години има големи амбиции, па така во разговорот со него нескромно спомна дека предизвик му е да го освои првото место на ИЕШ само како почетно скалило за следните трки кои би биле во Европскиот шампионат (Алпе Адриа) па во иднина и во натпреварување од повисок ранг.

На Рамадани му го честитаме роденденот, му посакуваме многу среќа на претстојните трки и се надеваме дека сите желби ќе му се исполнат. Аргетим, среќно!

Back To Top