Ендуро тим - Водно Скопје во Капитол Мол ги претстави возачите кои ќе настапуваат за нив оваа сезона, Игор Спиров - Зизи и Христијан Бузалковски.
Ендуро тим - Водно Скопје во Капитол Мол ги претстави возачите кои ќе настапуваат за нив оваа сезона, Игор Спиров - Зизи и Христијан Бузалковски.
Клубот кој е релативно нов на нашата мото сцена на најдобар можен начин ги презентираше своите возачи. Мотоциклите на Спиров и Бузалковски веќе неколку дена се изложени на видно место во Капитол Мол, а денешната презентација пред новинарите од бројни медиуми само ја заокружи успешната кампања.
Ендуро тим - Водно Скопје во соработка со Мотул и Попе Компани покажа ново ниво на комуникација со медиумите, нешто што навистина недостасуваше, а се надеваме дека примерот ќе го следат и останатите клубови.
За Спиров и Бузалковски нема потреба многу да пишуваме, добро се познати во моторџиските кругови, а двајцата наши возачи следниот викенд го започнуваат подвигот во БМУ Европскиот шампионат во брзински мотоиклизам кој ќе се вози според следниот распоред:
БМУ Европски шампионат во брзински мотоциклизам 2017 | |||
Трка | Датум | Патека | Земја |
1 и 2 | 7-9 април | Серез | Грција |
3 и 4 | 22-23 април | Мотор Парк | Романија |
5 | 29-30 април | Плевен | Бугарија |
6 и 7 | 20-22 мај | Мотор Парк | Романија |
8 и 9 | 7-9 јули | Серез | Грција |
10 | 26-27 август | Плевен | Бугарија |
11 | 23-24 септември | Батајница | Србија |
12 | 01-02 октомври | Плевен | Бугарија |
13 и 14 | 27-29 октомври | Серез | Грција |