Балканската мото унија ги објави конечните резултати од Источно Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам, на крајот од сезоната нашиот Игор Спиров - Зизи го освои петтото место во конкуренција од 29 возачи.

spirov-petti-ies

Балканската мото унија ги објави конечните резултати од Источно Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам, на крајот од сезоната нашиот Игор Спиров - Зизи го освои петтото место во конкуренција од 29 возачи.

Сезоната во Источно Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам годинава беше редуцирана во однос на претходната. Иако според планот требаше да се возат трки во Грција, Србија и Бугарија, на крајот шампионатот се сведе на трки на патеката Плевен во Бугарија. Бугарските натпреварувачи ја искористија домашната патека, па така на крајот од сезоната нов шампион на Источна Европа е бугаринот Пламен Петров. Тој титулата ја освои сосема заслужено, а на второто место се најде Далибор Милетич од Србија кој годинава покажа одлично возење.

Игор Спиров вложи максимален напор да ја помине сезоната на најдобар можен начин во однос на условите кои ги има. Во недостаток на домашен шампионат тој подготовките ги поминува на празната патека во Кичево, а годинава имаше и обид за возење во српскиот шампионат каде настапи на две трки. Сепак за вистински подготовки потребни се финансиски средства кои ќе бидат поттик за уште подобри резултати, а со чест на исклучоци, спонзорите во мото светот кај нас скоро и да не постојат.

zizi-pleven-1

Во едно сме сигурни, успехот на Зизи ќе беше подобар доколку се возеа сите предвидени трки. Патеката во Серес ја познава одлично, исто како и онаа во Батајница, но откако беа откажани трките во Грција и Србија, петтото место во генералниот пласман е одличен успех, иако пред почетокот на сезоната се надевавме на пласман во првите тројца. За споредба, третопласираниот Спас Панев од Бугарија има само 9 бода предност во однос на Зизи.

Се надеваме дека следната сезона во Источно Европскиот шампионат ќе се возат сите предвидени трки, и дека Зизи ќе смогне сили (пред се финансиски) да продолжи со успешната кариера. 

Back To Top