Фантастичната сезона за нашите натпреварувачи во брзински мотоцклизам продолжува откако и Романската Мото Федерација ги соопшти конечните резултати.

БМУ Европскиот шампионат за сезоната 2017 заврши, а паралелно со него се бодуваа и шампионатите на Бугарија и Романија. За Бугарскиот национален шампионат во брзински мотоциклизам веќе ги соопштивме резултатите, а сега се комплетираа и резултатите од Романскиот шампионат.

Романската федерација бодуваше 10 трки за својот шампионат, шест на патеката во Серез (Грција) и четири во Аданката (Романија). Во класата 1000 Open во конкуренција на 54 возачи, од кои 48 имаат освоено поени, нашиот натпреварувач Игор Спиров - Зизи (МК Ендуро Тим - Водно Скопје) е крунисан за нов шампион со освоени 115 поени! Зад него на табелата се наоѓа Кристиан Гута (Романија) со 112 поени, само еден повеќе од третопласираниот Слободан Ивчески - Цобо (МК Сакамото).

romania sampionat motori

Во класата 125 SP Open, нашиот Христијан Бузалковски (МК Ендуро Тим - Водно Скопје) го освои третото место во конкуренција на седум возачи.

romania sampionat motori 125

Се очекува датумот на прогласување на националните шампионати на кои нашите возачи и официјално ќе ги добијат пехарите, за Бугарскиот шампионат тоа ќе биде на 11-ти декември, а за Романскиот сѐ уште сме во очекување на датумот.

Back To Top