MK мотоциклисти на меѓународни трки

Мотокрос: Илиоски трет на Европско!!!

Нашиот најдобар кросист Христијан Илиоски - Кико на трката од отворениот Европски шампионат во мотокрос која викендов се возеше на патеката Глобаре во Србија го освои третото место.

Следете нè на:

 

На пеколното време во Крушевац Македонија имаше 7 претставнци на трките од Балксанскиот и Европскиот шампионат. Патеката Глобаре беше одлично подготвена да ги нагости најдобрите возачи од регионот но и возачите од отворениот Европски шампионат. Големата конкуренција беше мотив за нашите возачи да се прикажат во најдобро светло.

Во најсилната класа МХ1 МФМа имаше двајца претставници, Христијан Илиоски (МК Пелистер) и Гоце Томовски (МК Гого).

ilioski 3 eec globareИлиоски трет на Европско! (фото: архива)

Христијан Илиоски (МК Пелистер) прикажа одлично возење и забележа две втори места на трките од Балканскиот шампионат во чиј генерален пласман тој е на втората позиција. Заради распоредот на трките нашите возачи не беа во можност да ги возат двете трки од Балканскиот шампионат и двете од Европскиот, па затоа се одлучија да ја возат само втората од Европскиот шампионат. Илиоски забележа неверојатен резултат за Македонија освојувајќи го третото место во Европска конкуренција

Гоце Томовски (МК Гого) прикажа неверојатно возење и покажа дека ќе гледаме уште многу успешни трки од него. Тој на двете трки од Балканскиот шампионат заврши на четвртата позиција, оставајќи зад себе многу возачи кои до сега сме ги гледале во борба за пиедесталот. Томовски стартуваше на втората трка од Европскиот шампионат но заради судар со еден од возачите беше приморан да ја прекине трката.

Во класата МХ2 (МХ2 Јуниор) младиот Христијан Станкович (МК Мотостарс), извозе фантастична втора трка откако не заврши на првата. Заради проблеми со моторот неизвесен беше неговиот настап на втората трка, но благодарение на спортскиот дух тој го позајми моторот од српскиот возач Младен Станојевич и со него го освои 9-то место во МХ2 јуниот односно 12-то во МХ2. Во оваа класа настапи и Ангел Ристов (МК Ноќни Волци) кој заврши на 16-та позиција во МХ2 Јуниор и 22-ри во МХ2.

hristijan stankovic motokros prilep 2014Станкович одлично ја извозе втората трка во Глобаре (фото: архива)

Во класата МХ и МХ Ветерани имавме тројца претставници. Јован Стојков (МК Мотостарс) во класата МХ на првата трка забележа одлична 9-та позиција, а за жал втората трка не ја заврши. Борче Костов (МК Ноќни Волци) прокнижа нови 17 бода на своето конто откако завши на 11-та позиција на првата трка во класата МХ Ветерани, а на втората беше 13-ти. Големата конкуренција и големиот број на возачи не им овозможи на нашите претставници да се прикажат во вистинско светло но во вакви услови и самото завршување на трката претставува голем успех. Петрос Танусис (Грција) кој настапува со наша лиценца

Борче Костов настапи на трките од Балканскиот шампионат, во класата МХ Ветерани на првата трка заврши на 11-та позиција, а на втората 12-ти. Нови 17 бода. Во класата МХ настапија и Јован Стојков кој во првата трка заврши на 9-ти, а втората за жал не ја заврши. Петрос Танусис (МК Ноќни Волци) кој настапува со наша лиценца на првата трка во класата МХ Ветерани заврши на 8-та позиција, а на втората беше 6-ти.

Одличниот викенд кој е зад нас нека биде мотив за уште поголеми успеси во иднина. Следува летната пауза по која трките продолжуваат на 17-18 септември на патеката Самоков во Бугарија.

Би можело да ве интересира

„Се чини дека 790 Adventure R ќе биде навистина моќно оф роуд оружје“

„Honda CB500F доби неколку промени кои го прават овој мотоцикл многу поатрактивен“

За време на оддржувањето на мото шоуто EICMA 2018 во Милано, MV Agusta претстави концепт на нов  Superveloce 800 модел. Италијанскиот производител вели дека оваа верзија ќе се најде во производство во втората половина на 2019 година.

За време на прес конференцијата која се оддржа на EICMA, Yamaha претстави две изданија на тркачки фокусирани мотоцикли. Тие се креирани со цел да се најдат на врвот во Супербајк и Суперспорт 300 категориите.

Седиме покрај патеката и гледаме како BMW GS го прави она што најдобро го знае. Но, има една огромна разлика: Мотоциклот се движи сам.

BMW вели дека имале три цели кога го дизајнирале новиот S1000RR: да биде една секунда побрз кога е на тркачка патека, да биде 10 килограми полесен и полесно да се контролира. Од првиот поглед на спецификациите, ни стана јасно дека успеале во тоа.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.