Викендов на патеката во Крешево (Босна) се возеше втората рунда од БМУ Европскиот шампионат во мотокрос, а единствен претставник од Македонија беше Борче Костов (МК Ноќни Волци).

Викендов на патеката во Крешево (Босна) се возеше втората рунда од БМУ Европскиот шампионат во мотокрос, а единствен претставник од Македонија беше Борче Костов (МК Ноќни Волци).

mxglobare 2 2015 24

По четири извозени трки во шампинатот нашиот претставник се наоѓа на одличната четврта позиција во генералниот пласман. Тој на првата трка во Босна заврши на четвртата позиција, а на втората трка беше петти. Во класата МХ Ветерани се натпреваруваат и двајца возачи од Грција со Македонски лиценци. Атанасиос Папаниколаос и Петрос Танусис не отпатуваа во Босна и се наоѓаат на 12-та и 15-та позиција во генералниот пласман.

„На првата трка успеав да стигнам до четвртото место во мојата класа, тоа беше одличен резултат за мене и бодови кои ќе значат многу во борбата за првите три позиции во генералниот пласман. За жал во втората трка паднав но успеав да се вратам и да ја завршам трката на петтото место. Беше ова тежок но успешен викенд, би сакал да му се заблагодарам на мојот клуб Ноќни Волци како и претседателот на клубот г-дин Ленин Јовановски без чија помош немаше да можам да настапам на трката“ - изјави Костов за мотори.ком.мк

Според календарот следната рунда требаше да се вози во Романија, но откако беше откажана трката нашите натпреварувачи ќе можат да присуствуваат на трката во соседството на патеката Глобаре. До крајот на шампионатот преостануваат уште 6 трки.

БМУ Европски шампионат во мотокрос 2017
Рунда Датум Патека Земја
1 18-19 март Јаница Грција
2 27-28 мај Крешево БиХ
3 10-11 јуни Лазареа Романија
4 17-18 јуни Глобаре Србија
5 9-10 септември Самоков Бугарија
6 7-8 октомври Тројан Бугарија
Back To Top