kawasaki-450f-galeria-1 copyНа третиот натпревар од отворениот Источно-Европски шампионат во мотокрос кој ќе се одржи викендов на патеката крај Хасково во Бугарија, МФМ ќе ја претставуваат нашите најдобри натпреварувачи, Христиан Илиоски и Гоце Томовски.

kawasaki-450f-galeria-1 copy

На третиот натпревар од отворениот Источно-Европски шампионат во мотокрос кој ќе се одржи викендов на патеката крај Хасково во Бугарија, МФМ ќе ја претставуваат нашите најдобри натпреварувачи, Христиан Илиоски и Гоце Томовски. Илиоски на првите два натпревари имаше половичен успех во класата МХ2. Тој го освои одличното второ место на „Гран При Македонија 2012“ на патеката Милци крај Гевгелија, додека остана без бодови на вториот натпревар во Зарнешти (Романија) поради техничките проблеми со својата Хонда.

317170 10150441827195330_1485995215_n_copy

После импресивните настапи во рамките на Светскиот шампионат (Хрватска, Словенија и Словачка) во изминатиот месец, каде на последниот натпревар стана прв Македонец што освоил бод во светски шампионат во било која мотоциклистичка дисциплина, Илиоски одлучи сезоната на меѓународен план да ја продолжи со мотоцикл КТМ. Со оглед на тоа што се работи за мотоцикл од класата МХ1 тој во Хасково ќе настапи во најсилната класа рамо до рамо со Томовски.

Tomovski 1_copy

Томовски во последните 3 сезони е во самиот врв на класата МХ1 во отворениот Источно-Европски шампионат во мотокрос. Во 2010 година ја освои вицешампионската титула, додека минатата година стигна до третото место во генералниот пласман. Моментално после 2 натпревари исто е на третото место со 63 бодови. Пред него засега се Николај Јовчев (Бугарија) со 90 бодови и Валентин Радуца (Романија) со 78 бодови.

Back To Top