Продолжуваат возбудувањата во мотоциклизмот, викендов се возат две трки на меѓународна сцена на кои Македонија ќе има свои претставници, а секако тука е и МотоГП трката која се вози во Каталуња.

1487823 10152467102480330 3760860993438546320 o

Продолжуваат возбудувањата во мотоциклизмот, викендов се возат три трки на меѓународна сцена на кои Македонија ќе има свои претставници, а секако тука е и МотоГП трката која се вози во Каталуња.

Источно-Европскиот шампионат продолжува со полно темпо, викендов на патеката Плевен во Бугарија се вози втората рунда од шампионатот во брзински мотоциклизам, како и втората рунда во супермото шампионатот.

1912515 10152467102100330 8937973275481619760 o

Игор Спиров - Зизи на трката во Плевен ќе настапи во класата SBKS600 и ќе биде единствениот претставник на МФМ во брзински мотоциклизам. На првата трка тој го забележа петтото место, а викендов се надева на подобар резултат.

На истата патека викендов се вози и втората рунда (две трки) во Источно-Европскиот шампионат во Супермото. Нашиот Слободан Ивчески - Цобо е пред вториот настап во сезоната и очекува успешен финиш на двете трки.

10295515 10152462133945330 3528400612451144368 o

Освен двајцата наши претставници во Бугарија, викендов уште еден спортист од Македонија ќе учествува на меѓународна трка. Христијан Илиоски - Кико на патеката крај Сараево, Босна и Херцеговина, ќе ги одмери силите со своите противници во класата МХ1. За Кико ова е четврта трка во сезоната, на која се надева на одличен успех.

10361029 800737369938021 7718613390837128420 n

Надвор од балканските простори, уште еден значаен мото настан не очекува викендов. На патеката Каталуња во Шпанија се вози седмата рунда во МотоГП шампионатот.

 ds- s1d4487 original

Марк Маркез е водечки во шампионато откако на изминатите шест трки забележа исто толку пол позиции и победи. Зад него е Валентино Роси, а потоа следуваат Дани Педроса и Хорхе Лоренцо. 

Квалификациите во сабота се со почеток во 14.35 часот, а трката во недела се вози во 14.00. Пренос од возбудувањата има на СпортКлуб каналот, а може да се следи и преку стриминг на http://www.sportcategory.com/c-10.html

Back To Top