Стеван Аврамовски следната сезона повторно ќе се натпреварува во супермото шампионатот на Холандија, а во план е негов настап и на Источно Европскиот шампионат со македонска лиценца.

524492 10151194603180330 1175960825 n

Стеван Аврамовски следната сезона повторно ќе се натпреварува во супермото шампионатот на Холандија, а во план е негов настап и на Источно Европскиот шампионат со македонска лиценца.

Аврамовски последен пат се натпреваруваше во 2011 година кога возеше во Холандија за клубот MVD Goldspeed Yamaha со својата Yamaha YZ450F. Преговорите со тимот завршија успешно па следната сезона тој повторно ќе ги брани боите на Јамаха во Холандија и на неколку трки во Белгија.

218119 1980494359902 3637327 n

Сепак желбата на Аврамовски е да настапува на трките од Источно Европскиот шампионат со македонска лиценца, но тоа сценарио претставува проблем за трките од домашното првенство во Холандија.

Во Холандија се возат три класи, Еуро или отворена класа, „Интерс“ и Национална класа. Со нашата македонска лиценца можам да возам во Еуро класата, додека пак доколку извадам холандска лиценца ќе можам да возам во националната класа или Интерс во која се натпреваруваат само возачи од Холандија. Сепак нивните лиценци се поскапи и важат само за еден тип на трки, што ќе ми биде проблем за Источно Европското првенство. Целта е да ги возам сите трки од Холандскиот шампионат, а трките од Источно Европско се моја желба и ќе се потрудам да настапам на што е можно поголем број на трки. Доколку датумот на некоја трка се поклопува, тогаш ќе морам да настапам во Холандското првенство- изјави Аврамовски

Стеван годинава во март месец со својот тим ги започна подготовките во Милано на патеките „Ottobiano“ и „Cassteleto di Branduzo“ но заради оправдани причини не беше во можност да вози. Следната 2014 очекуваме да направи успешен кам-бек на патеките и да донесе бодови за Македонија од Источно Европскиот шампионат во Супермото. Ова во најголема мера ќе зависи од спонзорите, па доколку некоја компанија сака да излезе во пресрет, Стеван можете да го контактирате преку неговиот фејсбук профил.

Back To Top