На годишниот состанок на Балканската Мото Унија (БМУ) кој се одржа викендов во Софија на нашиот натпреварувач Сашо Николов - Тумац му беше доделен медал за освоено трето место во Бугарскиот шампионат за брзински мотоциклизам.

1520782 10202637467608447 718710825 n

Сашо Николов - Тумац е трет на отворениот бугарски шампионат во брзински мотоциклизам

На годишниот состанок на Балканската Мото Унија (БМУ) кој се одржа викендов во Софија на нашиот натпреварувач Сашо Николов - Тумац му беше доделен медал за освоено трето место во Бугарскиот шампионат за брзински мотоциклизам.

Тумац кој се натпреварува со својата Yamaha R1 во класата SBKS 1000 годинава настапи на 5 од вкупно шест трки во Источно Европскиот шампионат. Бугарската федерација одлучи трките на кои тие се водеа како организтори да ги бодува и за отворениот бугарски шампионат во брзински мотоциклизам, па така Тумац дојде до бронзената медала.

За отворениот бугарски шампионат се бодуваа четири трки, една на Серес на која не настапи Тумац, и три на патеката во Плевен. Одличните резултати на трите трки во Бугарија на крајот на нашиот тркач му донесоа вкупно 40 бодови кои беа доволни за третата позиција во генералниот пласман.

Во неговата класа (SBKS 1000) во која го освои третото место се натпреваруваа вкупно 44 возачи, додека пак во истата класа на Источно Европското првенство низ сезоната видовме вкупно 56 возачи.

1173631 330453760425334 1826317672 n

Во Источно Европскиот шампионат тој на крајот заврши на четвртата позиција, со само два бода заостанување зад Кадир Ербај од Турција.

Планот за следната сезона е да ги возам сите шест трки од Источно Европскиот шампионат, а доколку финансиските услови се подобрат би сакал да настапам и на една трка од Алпе Адриа шампионатот која ќе се вози на патеката Гробник во Хрватска- изјави Тумац.

Нашиот најдобар возач во класата SBKS 1000 настапува со сопствени средства на трките и притоа постигнува завидни резултати. Возачите во брзински мотоциклизам сепак се помогнати од страна на МФМ преку покривање на патните трошоци и неколку сета на гуми во текот на сезоната. Се надеваме дека следната сезона Тумац ќе добие спонзори кои ќе му помогнат да ја искачи Македонија на пиедесталот на Источно Европскиот шампионат.

Back To Top