Христијан Илиоски - Кико, нашиот најдобар мотокрос натпреварувач победи на двете трки од Источно Европскиот шампионат кои викендов се возеа на патеката Крешево во Босна и Херцеговина.
Христијан Илиоски - Кико, нашиот најдобар мотокрос натпреварувач победи на двете трки од Источно Европскиот шампионат кои викендов се возеа на патеката Крешево во Босна и Херцеговина.
Победата за Илиоски на третата рунда од Источно Европскиот шампионат во мотокрос беше најавена уште на квалификациите, кога успеа да ја помине патеката Крешево за време под 2 минути (1:58.904) што до сега му има успеано само нему. Колку за споредба, најголемиот конкурент на Илиоски во моментот, бугаринот Тодор Тотев имаше најдобро време од 2:02.844.
Неделните трки во најсилната класа МХ1 за Кико беа рутинско возење, благодарение на новиот мотоцикл Јамаха и неговиот талент и знаење, дојде до двојната победа во Крешево и во Македонија се враќа со пехарот за првото место.
Вториот наш натпреварувач Борче Костов кој настапува во класата MXV исто така имаше одличен настап во Босна. Тој и покрај повредата успеа да забележи две седми места кои му носат нови бодови во битката за титулата. Борче Костов - Жолт (МК Ноќни Волци) е единствен наш натпреварувач кој до сега настапи на сите три трки од шампионатот.
Шампионатот продолжува според следниот распоред:
МОТОКРОС | |||
# | Датум | Патека | Земја |
Рунда 1 | 05 април 2015 | Јаница | Грција |
Рунда 2 | 12 април 2015 | Гевгелија | Македонија (ОДЛОЖЕНА) |
Рунда 3 | 26 април 2015 | Бурса | Турција |
Рунда 4 | 07 јуни 2015 | Крешево | Босна и Херцеговина |
Рунда 5 | 28 јуни 2015 | Глобаре | Србија |
Рунда 6 | 30 август 2015 | Самоков | Бугарија |
Рунда 7 | 04 октомври 2015 | Тројан | Бугарија |