Во недела тројца наши натпреварувачи ќе настапат на трка во Грција како подготовка за првата трка од Источно Европскиот шампионат во мотокрос кој започнува на 23 март на патеката Серес.

hristian-ilioski

Во недела тројца наши натпреварувачи ќе настапат на трка во Грција како подготовка за првата трка од Источно Европскиот шампионат во мотокрос кој започнува на 23 март на патеката Серес.

Според досегашното искуство, првата трка на патеката Каротица во Грција секојпат привлекува многу кросисти, а конкуренцијата е навистина голема. Освен домаќините кои се во голем број, се очекува настап и на повеќе натпреварувачи од Бугарија, Србија, Црна Гора, Албанија, како и тројца претставници од  Македонија: Гоце Томовски, Христијан Илиоски и Борче Костов.

goce-tomovski

Трката нема да им донесе бодови на нашите натпреварувачи бидејќи е од затворен карактер, но се работи за одлична можност за тренинг пред почетокот на сезоната. Каротица е карактеристична патека бидејќи подлогата е песочна и за кусо време станува навистина тешка за возење.

250528 203515069689656 7149532 n

Годинава во ИЕШ за мотокрос се закажани дури 12 трки од кои првата се вози на 23-ти март на патеката Серес во Грција. Според провизорниот календар во Македонија треба се возат две трки, едната во Гевгелија на 6-ти април, а втората на новата патека во Прилеп на 21-ви септември. Предвидени се трки и во Турција, Романија, Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина и Молдавија.

Back To Top