Игор Спиров - Зизи, нашиот најдобар натпреварувач во класата до 600 цм3 на Источно Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам во понеделник ги започнува подготовките за претстојната сезона.

zizi dynamix

Игор Спиров - Зизи, нашиот најдобар натпреварувач во класата до 600 цм3 на Источно Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам во понеделник ги започнува подготовките за претстојната сезона.

Нашите натпреварувачи со нетрпение го очекуваат стартот на новата сезона која за брзинските мотоцикли е закажан за 18 и 19 април на патеката Серес во Грција. Во овој шампионат се очекува настап на неколку наши возачи, меѓу нив е и добро познатиот „Зизи“ кој минатата година заврши на петтата позиција во ИЕШ.

Во понеделник и вторник Спиров ќе ги започне подготовките на патеката Серес во Грција, а ние како и до сега ќе бидеме со него за да ви ги пренесеме првите впечатоци. Патеката Серес на Спиров му е добро позната, а со оглед на тоа што патеката се враќа во календарот по пауза од една година, очекуваме солиден резултат од Зизи на првите трки.

Зизи во 2015 ја продолжува соработката со Мотул, а благодарение на Динамикс подготовките ќе ги започне со нов пар чизми. Потрагата по спонзори е секогаш актуелна, па доколку има компанија која е заинтересирана за поддршка на Зизи, со него може да се стапи во контакт преку фан пејџот на фејсбук: https://www.facebook.com/igorspirovzizi?fref=ts

Во продолжение следува и календарот на трки од Источно Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам за 2015

БРЗИНСКИ МОТОЦИКЛИЗАМ
# Датум Патека Земја
Трка 1 18 април 2015 Серес Грција
Трка 2 19 април 2015 Серес Грција
Трка 3 07 јуни 2015 Батајница Србија
Трка 4 14 јуни 2015 Плевен Бугарија
Трка 5 12 јули 2015 Плевен Бугарија
Трка 6 23 август 2015 / Романија
Трка 7 20 септември 2015 Плевен Бугарија
Back To Top