Husqvarna ја претстави новата колекција на мотоцикли за сезоната 2017. Покрај тоа, таа ги претстави и новите електронски технологии, а објави и дека има подобрувања во речиси сите оддели.

Се чини дека новите сопственици на Husqvarna, КТМ, сакаат комплетно да го трансформираат брендот.

Новите мотоцикли се опремени со нови WP AER 48 вилушки кои се полесни и поцврсти, машински изработени тројни стеги, како и прилагодлив волан. На левата страна се наоѓаат контролните копчиња кои се лесно достапни, а мотоциклот доаѓа заедно со Brembo сопирачки и GSK ротор.

traction control arrives in husqvarna s 2017 motocross bikes 4

Уште еден додаток е подрамката која е изработена од јаглеродни влакна и која има тежина од само 1.4 килограми. Задната вилушка е изработена од алуминиум, а издувниот вентил е многу покомпактен.

Двотактната машина има и нова заштита за моторот, нов цилиндер и клипови како и ново квачило, менувач и издувен вентил.

Мотоциклите имаат и уште еден електронски додаток, системот за контрола на тракција. Доколку возачот смета дека не му е потребен, тој може и да се исклучи. Системот за управување со моторот „Keihin“ (EMS)  врши анализа на гаста и на брзината со која се зголемува бројот на вртежи.

Во делот за електроника, сензорот за брзина одредува конкретна мапа која ќе се користи за секоја брзина. Со тоа се зголемува распределбата на силата во секој момент од возењето.

Бидејќи електрониката секојдневно се подобрува, наскоро можеме да очекуваме и нови подобрувања. Следен чекор би требало да биде технологијата која се базира на IMU. 

Back To Top