Иако е навистина невообичаен мотоцикл, сепак Moto Guzzi Stelvio има свои следбеници. Кога исчезна од линијата на Moto Guzzi, тој им недостасуваше на многумина.

Иако е навистина невообичаен мотоцикл, сепак Moto Guzzi Stelvio има свои следбеници. Кога исчезна од линијата на Moto Guzzi, тој им недостасуваше на многумина.

Moto Guzzi V85 10

Но на некој начин, сега тој повторно се враќа.

Ова што го гледате се нарекува Moto Guzzi V85 концепт. Тој е ендуро модел кој продолжува онаму каде што застана Stelvio. Тој има мотор со зафатнина од 850cc кој може да произведе 80 коњски сили и се наоѓа некаде помеѓу V7/V9 фамилијата на мотоцикли и големите 1400 крузери.

Во моментов од компанијата не откриваат премногу детали околу концептот иако веќе знаеме дека ќе има дигитална табла како и LED светла. Исто така знаеме и дека шасијата ќе биде целосно нова, вилушката е изработена од алуминиум и има асиметричен дизајн за да се приспособи на погонот на задното тркало.

Back To Top