Името „Marine Turbine Technologies“ можеби нема веднаш да ви биде познато, но доколку ви кажеме дека компанијата е одговорна за турбинскиот Y2K супермоторот, ќе знаете на што мислиме.

MTT-420

Името „Marine Turbine Technologies“ можеби нема веднаш да ви биде познато, но доколку ви кажеме дека компанијата е одговорна за турбинскиот Y2K супермоторот, ќе знаете на што мислиме.

Изграден за време на преминот во новиот милениум, Y2K има Ролс Ројс Алисон модел 250 турбински мотор кој постигнува 320кс при 52.000 вртежи во минута. Да, бројката на вртежи во минута е точна.

За разлика од другите машини кои што користат турбина, и кои ја користат моќноста на турбините на авионите за да се движат, MTT го претопи турбинскиот систем на хиликоптерите во систем со две брзини.

Иако не постигнаа голем успех на пазарот, MTT Y2K сепак станаа познати поради Џеј Лено.

Извештаите сега велат дека Marine Turbine Tehnologies работат на нов модел на супермотор кој е придвижуван од турбина и кој е наречен 2013 MTT Y2K 420R.

Новиот мотор ќе има Ролс Ројс C-20B гасен турбински мотор и ќе има моќност од неверојатни 420кс. Други додатоци се тркалата направени од јаглеродни влакна, радијални клипови на предните сопирачки со ABS и задни гуми со големина од 240mm.

Дозволен за возење на улица во Европа и во САД, 2013 MTT Y2K моментално се тестира во воздушните тунели во Велика Британија, а од MTT се надеваат дека ќе постигнат брзина поголема од 420км/ч!  Се очекува моторот да се појави на пазарот кон крајот на годината и разбирливо, се претпоставува дека цената ќе биде со шест бројки.

Back To Top