На мото шоуто EICMA во 2015 година, дебитираше Husqvarna 701 Vitpilen како нео-ретро модел кој ни покажа нова насока на уличната линија на Шведскиот производител. Денеска гледаме дека ќе дебитира и моделот „Svartpilen“ 701, а од неколкуте фотографии веќе можеме да видиме како отприлика ќе изгледа тој.

Husqvarna 701 Vitpilen 08

Црната Husqvarna 701 Svartpilen претставува додаток на веќе познатиот Husqvarna 701 Vitpilen. Компанијата планира наголемо да ја прошири својата линија и сака да ја надмине актуелната култура на едноставен супормото дизајн. Од фотографиите можеме да видиме дека Husqvarna 701 Svartpilen ќе има „dual-sport“  пневматици како и 17 инчни бандажи. Моторот се чини дека ќе ја има променета 690cc едно цилиндрична варијанта кој што ја има и кај Husqvarna 701 Supermoto. Фотографиите исто така потврдуваат и дека Husqvarna ќе има поинаков пристап кај својата линија на улични мотоцикли, а од компанијата велат и дека се развиваат нови варијанти на Vitpilen и Svartpilen. Ќе биде интересно да видиме како овие промени ќе се одразат кај потрошувачите.

Што се однесува на моделите 401, нашите извори ни велат дека тие се одложени за една година и ќе бидат модели за сезоната 2018. Веројатно ова одложување ќе и овозможи на компанијата да создаде покомплетна линија за сезоната 2018.

Back To Top