Мотоцикли

Нема да има нов Triumph Daytona 765 во 2019 година

Уште откако за прв пат беше споменета можноста Triumph да биде снабдувач со мотори во Moto2 шампионатот, почнаа да се појавуваат шпекулации во однос на тоа каков ќе биде планот на Британската компанија во секторот на спортски мотоцикли.

Следете нè на:

 

Моторот кој се користи во Moto2 е истиот 765cc кој може да се најде и кај Triumph Street Triple 765, секако само „малку“ променет за да одговара за трки.

Додадете го на тоа и фактот дека Triumph пополека ја прекинува работата со Daytona 675, Британската компанија се чини дека ги има сите состојки потребни за да креира нов спортски мотоцикл и кој сигурно ќе им биде ривал на Suzuki GSX-R750 или пак на MV Agusta F3 800. 

Triumph Daytona 765 Moto2 test bike 07

Сепак, за жал мораме да ве информираме дека во 2019 година нема да имаме Triumph Daytona 765 и покрај сите шпекулации кои се појавија досега. Тоа би значело дека втора година по ред Triumph во својата линија на мотоцикли ќе нема модел Daytona. Во моментов, сепак постои надеж дека ќе видиме нова верзија за сезоната 2020.

Моделот за 2020 година ќе мора да го исполни новиот Euro5 стандард за емисија на штетни гасови. Ова е уште една работа која компаниите ќе мора да ја исполнат доколку сакаат во Европа да ги продаваат своите мотоцикли.

Со оглед на техничките и финансиските предизвици со кои компаниите мораат да се соочат за да ги исполнат овие услови, можеби ова е само стратегија на Triumph, да го скокне применувањето на Euro4 стандардот и веднаш да работи на исполнување на новиот, Euro5 стандард. Ова би можело и да го објасни планот на Triumph во однос на Daytona, Moto2 и Euro 5.

А со оглед на тоа дека Moto2 шампионатот, почнувајќи од 2019 година ќе се префрли на мотори од Triumph, ова ќе и обезбеди на компанијата доволно време да го промовира целиот проект.

Ова ќе му обезбеди на Triumph доволно време за да го подготви моделот за 2020 година. Најверојатно ќе има две верзии, тркачка верзија која ќе има мотор со зафатнина од 675cc и уште еден мотоцикл со зафатнина од 765cc.

Новите мотоцикли ќе бидат во согласност со Euro5 стандардот и најверојатно ќе бидат изградени врз основа на платформа која ќе има спецификации на Moto2 мотоцикл.

Доколку сето ова се исполни, тогаш обидот на Triumph да биде снабдувач со мотори во Moto2  почнува да има смисла, а Британскиот бренд ќе извлече многу поголема корист отколку што досега тоа и успеало на Honda.

Би можело да ве интересира

Нашиот возач Христијан Бузалковски беше повикан од страна на српски тим и понудата секако беше прифатена. Воедно,трката се вози 4 часа, а овој пат ќе имаме директен пренос на каналот Спорт Клуб 3! Во продолжение ја пренесуваме и изјавата на Бузо за мотори.ком.мк

Мото клубот Конзули од Битола својот 8-ми мото собир ќе го организира на 11-ти август со почеток од 17 часот во ноќниот клуб Парадизо во Битола.

Автономното сопирање не е некоја новост во транспортната индустрија. Веќе неколку години автомобилите се опремени со вакви системи. Но во однос на безбедносната технологија, мотоциклите малку заостануваат.

Piaggio објави нова верзија на MP3 со значителни подобрувања на моделот 500 како и целосно нов модел 350.

Само што слушнавме една информација од Harley-Davidson која веруваме дека ќе сакате да ја знаете. Веќе подолг период има гласини дека компанијата со седиште во Милвоки планира да објави нешто поврзано со нејзината иднина.

На новиот модел алгоритмите на KTM, со помош на компјутер ги корегираат грешките на возачот. Само притиснете на сопирачките и мотоциклот ќе застане. Но што доколку возачот го фати паника и премногу силно притисне на предната сопирачка кога е веќе внатре во свиокот? Мотоциклот ќе се исправи и ќе застане.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!