Мотоцикли

Нова Suzuki Hayabusa ни пристигнува кон средината на 2018 година

Нашите извори во компанијата ни потврдија дека Suzuki ќе го претстави турбо моделот на Hayabusa како модел за 2019 година. Ваквата вест доаѓа во вистински момент бидејќи Suzuki Hayabusa ќе наполни 20 години во 2019-та и во целиот тој период има претрпено многу мали измени.

Следете нè на:

 

Нашите извори во компанијата ни потврдија дека Suzuki ќе го претстави турбо моделот на Hayabusa како модел за 2019 година. Ваквата вест доаѓа во вистински момент бидејќи Suzuki Hayabusa ќе наполни 20 години во 2019-та и во целиот тој период има претрпено многу мали измени.

suzuki hayabusa

Веќе знаеме дека моделот на Suzuki Hayabusa за 2018 година ќе биде ист како и оној за сезоната 2017. Но тоа сепак не значи дека нема воопшто да се произведе таков модел. Наместо тоа, во летото 2018 година, Suzuki ќе ја претстави верзијата на Suzuki Hayabusa за 2019 година. Нашите извори исто така велат и дека тој ќе биде мотоцикл со турбина, а технологијата која ќе биде застапена кај моделот веќе ја има кај концептот Recursion. Но главното прашање е дали Suzuki Hayabusa ќе го користи истиот 588cc Recursion мотор или пак компанијата ќе понуди некаква замена. Ако на крајот се случи втората варијанта, тогаш Suzuki ќе им биде сериозна конкуренција на Kawasaki Ninja H2 и Kawasaki Ninja H2R.

Ниту еден од четирите Јапонски производители на мотоцикли не ја доживеа рецесијата потешко од Suzuki која пак кај компанијата предизвика прекин во производството и развојот од речиси една година. Сега конечно Suzuki се разбуди од длабокиот сон и продолжи со промоцијата на нови верзии, а Suzuki GSX-R1000 е само првиот од нив.

Наскоро очекувајте да ги видите и новите GSX-R600 and GSX-R750 кои би можеле да бидат претставени заедно со Hayabusa.

comments

Би можело да ве интересира

Без никакво сомневање, Ducati Panigale V4 супербајк е најинтересниот мотоцикл објавен оваа година. Ова не е само наше мислење бидејќи тој беше официјално прогласен за крал на EICMA шоуто.

Honda ја прошири својата Africa Twin линија со уште еден модел. 2018 CRF1000L2 Adventure Sports беше претставен за време на EICMA мото шоуто, а заедно со него беше претставена и една посилна верзија на моделот.

Motul презентираше ново масло наменето за тркање, 300V²  10W-50, на најголемото мото шоу кое се одржа во Милано, EICMA.

Изненадување од MotoGP гаражите откако беше објавено дека Ливио Супо си дал оставка од Honda Racing Corporation (HRC).

Vespa Elettrica која беше најавена на EICMA е електричен скутер со кој ќе можете да поминете 100 километри со едно полнење на батеријата.

Offroad.mk со коментар за трката која се одржа крај Стенковец, дали 2' Оф Роуд Шоу Скопје 2017 навистина беше „успешна“ организација?

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!