Иако претставувањето е закажано за во четврток пред трката која ќе се оддржи во Сан Марино, од компанијата веќе почнаа да објавуваат одредени информации. Прва од нив е неговото име, “Desmosedici Stradale”.

Утре Ducati ќе го претстави својот нов V4 мотор кој биде дел од следната генерација на супербајк мотоциклите на Италијанската компанија. Иако претставувањето е закажано за во четврток пред трката која ќе се оддржи во Сан Марино, од компанијата веќе почнаа да објавуваат одредени информации. Прва од нив е неговото име, “Desmosedici Stradale”.

Карактеристично за Ducati, името на моторот во буквална смисла значи токму тоа што е, улична верзија на Desmosedici моторот кој е дел од MotoGP проектот на Ducati.

Desmosedici Stradale engine 2

Можеме да очекуваме дека ќе биде искористена и дел од технологија која ја има кај „Superleggera“, а новиот мотор на крај да испадне хибрид од двата дизајна. На настанот кој ќе се оддржи во Мисано очекуваме Ducati да ни ги соопшти сите технички детали на моторот.

Извршниот директор на компанијата, Клаудио Доменикали, вели дека тој во себе ќе има нешто посебно, односно, нешто помеѓу v-twin and V4. Доменикали додаде и дека најинтересните работи на моторот се внатре во него, односно технологијата и дизајнот кој го има „Desmosedici Stradale“.

Исто така вреди да се напомене и дека  Desmosedici Stradale нема да биде само дел од супербајк линијата туку дека тој ќе се користи и кај другите модели на Ducati.

Со нетрпение чекаме да го видиме деби настапот на новиот супербајк мотоцикл на Ducati на мото шоуто EICMA кое ќе се оддржи кон крајот на годината.

Back To Top