Peugeot неодамна на пазарот во Велика Британија претстави две лимитирани верзии на Speedfight 4 скутерите а големи се шансите тие да се најдат во продажба и во други земји. Нивните имиња се Pure и Total Sport и имаат цена од 2,199 фунти, што е за 150 фунти помалку од LC верзијата.

И двете верзии се базирани на актуелниот Speedfight модел но имаат и некои свои карактеристики пред се во однос на дизајнот и додатоците. Total Sport својата инспирација ја црпи од 2008 DKR Dakar рели автомобилот и има агресивен изглед, спојлери, држачи за нозете и LED индикатори. Моделот Pure пак има “Ice White” боја заедно со розево – златни бандаши кои го прават одличен избор за женската популација.
И двата скутери се опремени со 50 cc, дво - тактен мотор кој има 4.8 коњски сили и 4.6 Nm. Меѓу другата стандардна опрема се и 13 инчните тркала, 215 mm Shuricane предниот диск, 32 mm USD вилушки, USB и 12V приклучоци како и држач за телефон.
Моделите се нудат во три основни бои, Fluo Apple, Flat 6 Red и Bleu France. Првата, четири тактна, е достапна само кај верзијата со воздушно ладење. Втората, дво тактна верзија, е достапна и кај оние со воздушно и со течно ладење. Новиот Dell'Orto карбуратор пак ги подобрува перформансите на машината за најмалку 10 проценти.