На денешната презентација на Сузуки на саемот „INTERMOT“ во Келн беа објавени деталите за долго очекуваниот Suzuki GSX-R 1000 2017.

На денешната презентација на Сузуки на саемот „INTERMOT“ во Келн беа објавени деталите за долго очекуваниот Suzuki GSX-R 1000 2017.

IMGP2220

Најмоќниот GSX-R 1000 кој излегол од производство ќе биде достапен во 2017 година, според техничката спецификација тој ќе развива 201кс при 13200 вртежи во минута. Новиот „VVT“ мотор е комплетно редизајниран и е за 22мм покус од претходниот, благодарение на намалувањето на аголот под кој е поставен во рамот за 6 степени. 

Импресивната вградена опрема која беше најавена сигурно ќе ги примами фановите на Сузуки, 10 степена контрола на тракцијата, систем за мерење/контрола (IMU - internal measurement unit) во шест оски, три модови на работа и АБС систем подготвен за тркачката патека (вклучувајќи и анти-стопи контрола).

IMGP2225

За подоцна во годината е најавен и GSX-R1000R моделот кој ќе биде опремен со дополнителна фукнција на АБС системот, а RR верзијата ќе содржи и менува кој ќе работи без притискање на квачилото за брзините нагоре, но и за менување на брзина надолу. Доколку ова не ви е доволно, моторот доаѓа и со вградена контрола на тргнување (launch control).

Шасијата е за 10% полесна, и за 20% потесна во однос на сегашната. Изгледот е навистина фантастичен, единствена забелешка се дава на издувот за кој веруваме ќе биде првата работа која ќе ја променат сопствениците на новиот модел.

Back To Top