Еден од најрепрезентативните и најсаканите модели на германскиот производител, BMW R 1200  R, само што доби нова, црна лимитирана верзија. За жал, тој ќе биде достапен само во Италија.

Базиран на стандардниот мотоцикл, новата верзија на BMW R 1200 има темен изглед и се одликува по металик „Black Storm“ бојата како и по ретро „Alpine white twin“ линиите кои потсетуваат на класичните модели од минатото.

bmw r 1200 r black edition is an italian thing only 12

Мотоциклот е опремен со „Comfort Package“, кој е стандарден дел од мотоциклот, а во него се вклучени хромиран издувен вентил, специјални рачки, DRC контрола на притисокот на пневматиците, прилагодлива суспензија, LED светла и простор за багаж. Како и кај другите мотоцикли на BMW, листата со додатоци може да се зголеми.

Новата верзија на BMW R 1200 R го има добро познатиот „Boxer DOHC“ мотор кој може да се најде и кај R 1200 GS, R 1200 GS Adventure, R 1200 RT и R 1200 RS. Тој има 125 коњски сили и 125 Nm број на вртежи.

Благодарение на воздушната кутија и на посебните спецификации на издувот кај овој модел, моторот на R 1200 R нуди понизок број на вртежи во споредба со другите GS и RT верзии. Ова пак значи подобра еластичност и забрзување.

Ако имате некој пријател од Италија кој ќе може да го купи овој мотоцикл за вас, треба да знаете дека неговата цена изнесува околу 16.000 евра.

Back To Top